Rhany Chairunissa Rufinaldo
11 Септември 2019•Ажурирај: 12 Септември 2019
ЏАКАРТА (АА) - Поранешниот претседател на Индонезија, Бахарудин Јусуф Хабиби, почина на 83-годишна возраст во болница во Џакарта каде што беше хоспитализиран од 1 септември, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хабиби, инженер по аеронаутика, беше третиот претседател на Индонезија, функција што ја вршеше од мај 1998 до октомври 1999 година откако даде оставка неговиот претходник Сухарто.
Познат е по тоа што управуваше со економијата на својата земја за време на азиските финансиски кризи.
Иако мандатот на Хабиби траеше помалку од две години, светот го запомни по тоа што ја стабилизираше валутата на земјата и нареди одржување референдум во Источен Тимор.