Dmitri Chirciu
11 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, истакна дека ќе ја прошират листата на ограничувања во врска со влезот на американски државјани во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Рјабков во Москва даде изјава во врска со случајот на ставање на листата за санкции вработени во Регионалниот истражен комитет во Сургут од страна на Соединетите Американски Држави (САД).
Тој нагласи дека САД кон Русија продолжуваат да применуваат една политика која содржи неуспешен притисок.
„Сигурно дека ќе ја прошириме листата на ограничувања во врска со влезот на американските државјани во нашата земја“, додаде тој.
Рјабков рече дека САД се одговорни за проблемите меѓу двете земји.
САД во листата на санкции ставија двајца вработени во Регионалниот истражен комитет во рускиот град Сургут со образложение дека ги прекршувале правата на Јеховините сведоци.
- Јеховините сведоци се забранети во Русија -
Врховниот суд на Русија во 2017 година го разгледа барањето на Министерството за правда за забрана на Јеховините сведоци. Судот оваа група ја окарактеризира за екстремна организација и донесе одлука за нејзина забрана во земјата.
Во одлуката на судот беше побарано ставање крај на активностите на 395 заедници поврзани со Јеховините сведоци и запленување на нивниот имот.
САД реагираа против оваа одлука на Русија и побараа укинување на забраната за активностите на Јеховините сведоци.
Од друга страна, Јеховините сведоци за оваа одлука поднесоа жалба до Европскиот суд за човекови права.