Gülşen Çağatay
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Од 1 септември неефикасните халогенски светилки повеќе нема да се продаваат низ Европската Унија, во согласност со новите прописи на Европската комисија, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според Европската комисија, на европско ниво, прописите ќе овозможат значителна заштеда за домаќинствата, која за ориентација е еднаква со потрошувачката на електрична енергија на Португалија за период од пет години.
„Халогенските светилки ќе бидат заменети со светилките ЛЕД, како резултат на тоа што иновацијата се разви во побезбедна, подостапна и енергетски поефикасна“, се вели од Европската комисија.
Првично договорени во 2009 година од страна на земјите членки и Европскиот парламент, новите правила се повторно потврдени во 2015 година, но нивното воведување е одложено до септември 2018 година, со цел да бидат обезбедени доволни и достапни алтернативи.
Промените се дел од Програмата за работа на ЕУ за екодизајн од јуни 2018 година, која спаѓа во пакетот „Чиста енергија за сите Европејци“, во однос на кој законодавците постигнаа политички договор за нова цел за енергетска ефикасност од 32,5 отсто, до 2030 година.
Светилките ЛЕД траат пет до десетпати подолго и користат помалку енергија, често помалку од 1/10 од халогенските светилки.