Davut Demircan
14 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Првата дама на Турција, Емине Ердоган, ја пофали првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзината гостопримливост, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Имавме пријатен разговор со првата дама Меланија Трамп за време на нашата посета на Белата куќа, и разменивме идеи за проектите за социјална одговорност што ги спроведуваме во соодветните земји. Ви благодарам што бевте толку прекрасен домаќин“, напиша Емине Ердоган на социјалната мрежа Твитер.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ја посети Белата куќа за да одржи состаноци со американскиот претседател Доналд Трамп.
Сопругата на турскиот претседател го придружуваше за време на неговата посета во Белата куќа.