Michael Hernandez
06 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - За воздушниот напад врз бегалскиот камп во северна Сирија кој резултираше со најмалку 27 загинати лица нема никакви изговори, изјави претставник на Белата Куќа вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нема оправдан изговор за извршениот напад врз невините цивили кои веќе еднаш побегнаа од нивните домови да се спасат од насилство", изјави порпаролот Џош Ернест.„Овие лица се во многу очајна состојба. И нема оправдување за извршување на вакви воени акции против нив”.
Ахмед Шакир, претставник на сириската цивилна одбрана, за АА изјави дека режимските воени авиони извршиле напади врз бегалскиот камп Камуна во близина на Сармада оставајќи ги шаторите во пламен.
Кампот беше дом на внатрешно раселените Сиријци кои избегаа од Алепо, Идилб и Латакија. Кампот се наоѓа на околу 20 километри јужно од турската граница и околу 30 километри западно од Алепо.
Ернест изјави дека ја исклучува можноста дека САД или коалициските авиони оперирале во областа „бидејќи нашите напори се фокусирани на ДАЕШ. Постојат малку разузнавачки информации за одредување на присуството на значителните сили на ДАЕШ во тој регион од земјата”.
„Доколку испадне режимот на Асад да биде одговорен за овој напад, нема да биде прв пат режимот на Асад да ги употреби своите воени сили против невините цивили кои се наоѓаат во очајна состојба", додаде тој.