Riyaz Ul Khaliq
12 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
АНКАРА
Првата пратка од 400.000 вакцини против Ковид-19 пристигна утринава во Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вакцините се испорачани од американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“, кој ги разви во соработка со германската компанија „БајоНТех““, јавува новинската агенција „Кјодо“.
Јапонија, во која досега се пријавени 412.125 случаи на заразени, а 6.800 се починати од последиците на вирусот, се очекува да ја одобри вакцината в недела и веднаш потоа, наредната недела да започне вакцинацијата за здравствените работници кои се во првите редови на борбата против вирусот.
Најмалку 20.000 лекари и медицински сестри од околу 100 болници се согласија да се вакцинираат во првата фаза на кампањата за вакцинација.
Јапонија работи на поставување околу 20.000 замрзнувачи во медицинските објекти за чување на вакцините.
Вакцините на „Фајзер“ треба да се чуваат на температура од околу -75 степени Целзиусови (-130 степени Фаренхајтови).
Јапонија има склучено договори со „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Модерна“ за вакцинирање на своите 126 милиони жители.