Bahtiyar Abdülkerimov
23 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Вадим Шишимарин, првиот руски војник суден од украинскиот суд, доби доживотен затвор за извршување воени злосторства и убиства, јавува Агенција Анадолија (АА).
Киевскиот суд Соломескиј го осуди 21-годишниот руски војник Шишимарин на доживотен затвор за убиство на цивил во регионот Суми во Украина.
Во решението се наведува дека Шишимарин „извршил убиство со умисла“ и дека „целосно е потврдено делото што го извршил обвинетиот“.
„Шишимарин изврши воено злосторство и намерно уби цивил кој не претставувал никаква закана за него“, се наведува во одлуката и се додава дека Шишимарин поради оваа причина е осуден на доживотен затвор.
- Уби 62-годишен маж пукајќи му во главата -
Шишимарин, кој со руската Војска влегол во регионот Суми во Украина, го убил 62-годишниот Александар Шепилов, кој стоел пред својата куќа во градот Чупаховка на 28 февруари и кој немал оружје со себе.
Против Шишимарин, кој подоцна беше заробен од украинските војници, беше поднесена тужба под обвинение за намерно убиство и за воени злосторства.
Судењето на рускиот војник Вадим Шишимарин во судот Соломенскиј започна на 18 мај. Рочиштето се издвојува како „прв случај против руски војник откако Русија ѝ објави војна на Украина“.