Gamze Türkoğlu Oğuz
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади, истакна дека доколку дојде до насилство за време на спроведувањето на референдумот за независност кој го организира Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, тогаш тие се подготвени воено да интервенираат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата што премиерот Абади ја даде за „Associated Press“ (Асошиејтед прес) во врска со референдумот што Регионалната курдска управа планира да го спроведе рече: „Доколку дојде до закани по ирачкиот народ со употреба на сила која не е законска, тогаш нашата војската ќе интервенира”.
Хајдар ал-Абади за планираниот референдум рече дека претставува нечесно кршење на суверенитетот на Ирак и го оцени како „опасна тензија”, додавајќи: „Доколку станете против уставот, тогаш сте против границите на Ирак и регионот, што претставува отворена покана и за останатите регионални земји да го повредат суверенитетот на Ирак. Тензиите многу опасно се зголемуваат”.
Претседателот на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, Месут Барзани, по состанокот со политичките партии на 7 јуни објави дека на 25 септември ќе се одржи референдум за независност, кој подолг период е тема на дискусии.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади истакна дека референдумот е противуставен, и потсети дека уште порано рекол дека неговите резултати нема да бидат признаени.
Во вторникот ирачкиот Парламент ја одби иницијативата за одржување на референдумот кој го подготвува Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак. Локалните раководства на покраините Дијала и Салахадин соопштија дека нема да прифатат одржување на референдум во рамките на границите на покраините.