Ahmet Sait Akçay
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Лондонската полиција уапси уште еден осомничен во врска со бомбашкиот напад во метрото во Лондон, во кој беа повредени 30 лица, соопшти полицијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и едногодишникот е приведен во Хаунслоу доцна синоќа.
„Тој е приведен според членот 41 од Законот за тероризам и однесен во полициска станица во јужен Лондон, каде што останува во притвор“, се вели во соопштението на лондонската полиција.
Во саботата, во врска со нападот во метрото, во Довер беше приведен тинејџер.
Триесетина лица беа повредени кога импровизирана експлозивена направа експлодира делумно во воз на подземната железница, на станицата Парсонс Грин.
Нивото на закана од тероризам во Велика Британија се зголеми на највисокото критично ниво.
До зголемувањето на нивото дојде по петочниот безбедносен состанок свикан поради експлозијата во метрото.
Нивото на опасност последен пат беше подигнато на највисоко ниво по бомбашкиот напад во Манчестер во мај, во кој загинаа 22 лица, и остана на тоа ниво неколку дена.
Критичното ниво на закана од терористички напади значи дека британските воени лица може да ѝ помагаат на полицијата во заштитата на клучните локации како што се Бакингемската палата, Владата и зградата на Парламентот, како и важни настани низ целата земја.