İlayda Çakırtekin
27 Октомври 2025•Ажурирај: 28 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Сообраќајот на брзите возови на југоисточната железничка линија во Франција е прекинат утринава поради „вандализам“, соопшти францускиот железнички оператор СНЦХ, јавува Анадолу.
Во соопштението на веб-страницата на СНЦФ се наведува дека железничкиот сообраќај во двата правци на брзата линија меѓу Валанс и Авинјон е прекинат поради вандализам (палење на каблите за сигнал).
Операторот додаде дека само мал број возови можат да сообраќаат по алтернативна рута, додека голем дел од линиите се откажани.
Според најавите на СНЦФ, нормалниот железнички сообраќај се очекува да биде обновен утре изутрина.
Министерот за транспорт, Филип Табаро, на платформата на американската компанија за социјални медиуми Х, потврди дека железничките кабли јужно од Валанс биле „намерно запалени“, нарекувајќи го инцидентот „неприфатлив вандализам“ кој сериозно го нарушил сообраќајот и погодил неколку десетици возови.
„Жандармеријата е на самото место: сторителите на овие саботажи мора да бидат идентификувани и строго казнети“, изјави Табаро.