Bayram Altuğ
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти дека оваа година околу 400.000 бегалци преку Медитеранот дошле во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Од организацијата истакнаа дека од декември минатата година до денес во водите на Медитеранот се удавиле 4.715 бегалци. Бројот на загинати бегалци е во пораст кога ќе се земе предвид истиот период минатата година кога се забележани 3.567 смртни случаеви на лица од Блискиот Исток.
Преку Медитеранот, на тлото на Европа минатата година пристигнале 351.080 бегалци, и тоа воглавно во Италија, Грција и Шпанија. Во Италија пристигнале 173.571 бегалци, Грција 171.875 и Шпанија 5.445.
Од ИОМ потсетија дека минатата година, во истиот временски период во Европа влегле 883.393 бегалци. Според статистиките на ИОМ, од бегалците кои пристигнале во Европа 42 отсто се мажи, 21 отсто жени и 37 отсто деца.