Muhammed Emin Canik
20 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Популацијата на Аргентина се искачи на над 47 милиони, покажуваат прелиминарните резултати од пописот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за статистика и попис (INDEC) соопшти дека населението во земјата брои 47.327.407, според пописот кој беше спроведен во средата.
Речиси 53 отсто од населението е женско, додека 47 отсто е машко.
Бројот на населението во земјата се зголемило за 7,2 милиони споредено со претходниот попис одржан во 2010 година.
„Ние, Аргентинците, сме над 47 милиони! Денес, благодарение на заедничките напори, имаме појасни информации за да работиме за подобра иднина“, напиша на Твитер аргентинскиот претседател Алберто Фернандез.