Mustafa Çağlayan
22 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Летот на Турската авиокомпанија кој леташе од Њујорк кон Истанбул беше пренасочен кон градот Халифакс, на канадскиот источен брег, поради закана за бомба, според властите, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во канадската провинција Нова Шкотска, изјави на Твитер дека летот TK2 безбедно слетал на меѓународниот аеродром во Халифакс во саботата ноќта, по дојава за бомба која била примена во 10:50 минути по локално време.
"Полиција е во процес на утврдување на потеклото на заканата и идентификување на лицето или лицата одговорни за тоа“, соопшти полицијата.
Од аеродромот изјавија дека сите 256 лица од авионот се на сигурно.
Авионот Ербас А330 полетал од аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, во 09:03 минути по локално време, според интернет страницата на Turkish Airlines.
Инцидентот се случи неколку дена откако два авиони на Air France кои полетаа од САД беа пренасочени поради анонимни закани за бомба.
Не е пронајден експлозив во авионите, изјавија американски и канадски медиуми.