Emrah Güney
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради снегот кој падна во Истанбул во изминатите неколку дена, откажани се стотици меѓународни летови, но и летовите во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Така, авиокомпанијата "Turkish Airlines" (THY) откажа 181, "Pegasus Airlines" 63, а "Onur Air" три меѓународни летови.
На истанбулските аеродроми "Ataturk" и "Sabiha Gokcen" се спроведуваат активности за чистење на снегот со цел оспособување на аеродромот за непречено одвивање на сообраќајот.
На аеродромот "Ataturk" во првиот ден од 2016 година, авио-сообраќајот запре на половина час.
Летот од Скопје за Истанбул, утринава е откажан, според извештајот на веб-страницата на Меѓународниот аеродром во Скопје.