Vesna Besiç
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
АТИНА / БРИСЕЛ / МАДРИД / ВИТЛЕЕМ / БЕЈРУТ (АА) - Голем број на градови во светот веќе го облекоа Божиќното и Новогодишното руво, јавува Anadolu Agency (AA).
Во грчкиот главен град Атина почна украсувањето на улиците пред претстојниот Божиќ и новогодишните празници. Украси во различни бои и форми си го најдоа своето место во многуте излози на улиците, но исто така и во домовите.
На плоштадот Синтагма е изложен и Божиќен брод украсен со многу светилки.
И плоштадите Сен Кетрин и Гранд Плаза во Брисел, Белгија се украсени во пресрет на божиќните и новогодишните празници. Голем број расположени Белгијци, но и странски туристи, го посетија базарот која е поставен на овие плоштади, а на кој се наоѓаат многу врсти на чоколади и бонбони.
Претпразничната атмосфера се чувствува и во шпанскиот град Мадрид, кој е украсен со најубавите украси.
Голема божиќна елка беше ставена на плоштадот Ел-Сухеда во Бејрут, а во тек се подготовките за Божиќ и Нова Година и во Витлеем на Западниот Брег.