Oktaj Omeragikj
20 Декември 2024•Ажурирај: 21 Декември 2024
СКОПЈЕ (АА) - Потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Махмут Чевик, за време на својата посета на Северна Македонија беше примен од претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, пренесува Анадолу.
По средбата, претседателката на Северна Македонија на својот профил на социјалната мрежа Х објави:
„Благодарност за долгогодишната поддршка и за реализираните проекти, како и за личниот придонес на г. Чевик во таа насока. Република Турција од првите денови на нашата независност е наш верен пријател и сојузник, кој ни дава поддршка во сите области.“
Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека од особено значење е поддршката на ТИКА преку реализација на проектите во областа на образованието, здравството, земјоделството, социјалниот дијалог, културата.
Таа во својата објава наведе дека на средбата разговарале и за идните планови на агенцијата преку реализација на повеќе проекти во земјата.
На крајот, претседателката Сиљановска-Давкова додаде:
„Како претседателка на државата сум посветена за натамошно зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави.“