Kaan Bozdoğan
30 Декември 2024•Ажурирај: 31 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед Бин Зајед ал Нахјан, известува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации на турското Претседателството на својот профил на социјалните мрежи објави дека тие разговарале за билатералните односи меѓу Туркије и ОАЕ, најновата ситуација во Сирија и Палестина, како и за регионални и глобални прашања.
Истакнувајќи ја важноста од воспоставување Сирија во која различните етнички и религиозни групи живеат рамо до рамо во мир и обезбедување единство во земјата, Ердоган во текот на разговорот рекол дека Туркије нема да прифати терористичката организација ПКК/ЈПГ, која дејствува во Сирија, да се гледа како претставникот на Курдите во регионот и соговорник, а додаде дека треба да се спречи ДЕАШ да ги искористи превирањата во регионот и да се попречи Израел да ја искористи моментната ситуација и да го саботира новиот процес во Сирија.
Претседателот Ердоган истакна дека Туркије ќе продолжи да вложува напори за што поскоро да се стави крај на израелскиот масакр што е во тек во Палестина.