Mahmut Atanur
10 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ЏАКАРТА
Природните катастрофи во Индонезија од почетокот на годината досега одзедоа над 200 животи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Националната агенција за управување со катастрофи.
Се истакнува дека од 1 јануари до 9 февруари во земјата се случиле 386 природни катастрофи, претежно бури, поплави, свлечишта и земјотреси.
Во соопштението се наведува дека околу 2 милиони лица се погодени од овие природни катастрофи.
Според соопштеното, како резултат на овие катастрофи животот го загубиле 213 лица, додека 12.060 лица се повредени.
Инаку, Индонезија се наоѓа на чело на земјите во светот кои се најмногу погодени од природните катастрофи.