Alaattin Doğru
10 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
ПАРИЗ (АА) - Во ски-центарот Куршевел кој се наоѓа во југозападниот дел на Франција, се сруши цивилен хеликоптер, при што загинаа две, а повредени се три лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на гувернерството на Савоја, хеликоптерот во кој се наоѓале 5 лица, се сруши во високите предели на планината Шарвет.
Се истакнува дека тимовите за спасување со помош на очевидците веднаш биле упатени кон местото на настанот.
Несреќата се случила на надморска височина од 1.900 метри.
Според соопштеното, во несреќата загинале две лица, додека три лица се повредени.