Ekipa
10 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ХАСЕКЕ (АА) - МУХАМЕД МИСТО / ЛЕВЕНТ ТОК
Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат со својата воена и логистичка испорака на територијата окупирана од ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат во Сирија.
Anadolu Agency (AA) ги забележа новите испораки што синоќа САД ги спроведоа на преминот Симелка на границата меѓу Ирак и Сирија.
Конвојот составен од 70 шлепери, по влегувањето, од североисточниот дел на Сирија го продолжи патот кон внатрешноста на земјата.
Шлеперите превезуваа оклопни возила, монтажни структури и градежни машини.
Во конвојот во кој имаше голем број цистерни за гориво, имаше и шлепери со затворени каси.
- Претседателот Ердоган предупреди -
Во своето обраќање на 26 јули, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави „На [ЈПГ] ПЈД сѐ ѝ даваат бесплатно, десетици илјади шлепери полни со оружје, муниција. Кому му ги даваат? На терористичка организација, на ПКК и нејзините приврзаници. Кој ги дава? Ги дава оној кој се чини дека е наш стратешки сојузник.“
Ердоган посочи и на фактот дека напорите на САД кои сакаат да ги покажат како различни ЈПГ и ПКК, всушност се структура на иста терористичка организација.
И министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, на средбата со своите американски колеги побара што е можно поскоро формирање на безбедносна зона источно од реката Еуфрат, отстранување на елементите на терористичката организација ЈПГ/ПКК од тоа подрачје, уништување на позициите и упориштата во тоа подрачје и собирање на тешкото вооружување.
- Согласнот со САД -
Во соопштението објавено на 7 август во врска со средбите одржани со делегацијата од САД, турското Министерство за национална одбрана ги сподели информациите кои се однесуваат на првата фаза од превентивните мерки, со цел отстранување на загриженоста на Турција во врска со безбедноста на подрачјето.
Во соопштението се наведува дека е побарано што е можно поскоро спроведување на превентивните мерки и во тие рамки во најкус временски период да се воспостави безбедносна зона за чие координирање и раководење двете земји во Турција ќе формираат Заеднички оперативен центар.
Покрај тоа „претставниците на турската и американската војска се согласија безбедносната зона да биде еден мировен коридор и да бидат преземени секакви дополнителни безбедносни мерки по прашањето за враќање на раселените Сиријци во сопствената земја“.