Abdulselam Durdak
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ФРАНКФУРТ (АА) - Индексот на економска доверба во еврозоната, од декември 2017 година наваму, го продолжи својот тренд на намалување, и овој месец се намали на вредност од 112,5 поени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според анкетата на Европската комисија за бизнис и потрошувачка изработена во мај, индексот за доверба во еврозоната, кој во април изнесуваше 112,7 поени, во мај падна на 112, 5 поени. Според тоа, и во мај продолжи трендот на опаѓање на овој индекс кој започна во декември 2017 година.
Индексот на доверба во еврозоната во индустрискиот сектор, во мај од 7,3 опадна на 6,8 поени.
Индексот на доверба во секторот за услуги во истиот период, од 14,7 се намали на 14,3 поени. Индексот на доверба на потрошувачите, кој во април изнесуваше 0,3, во мај опадна на 0,2, додека довербата во бизнис-светот покажува пораст од 1,35 на 1,48 поени.
Благиот пад на економската доверба во единствената валута се базира на падот во индустрискиот и секторот на услуги. Во голема мерка баланс на ваквото намалување прават зголемувањата во секторот на трговијата и градежништвото.
Најголем раст на индексот за доверба меѓу земјите со најголеми економии во еврозоната е забележан во Холандија, 1,2 поени. Следува Германија со 0,1 поен, додека падот на индексот на доверба во Франција е 1,8 поени, во Шпанија 1,2 и во Италија, 1 поен.