Ekipa
10 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
МИНСК (АА) - Продолжува чекањето на нерегуларните мигранти на границата меѓу Белорусија и Полска, со барање да преминат во земјата членка на Европската Унија (ЕУ), Полска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вчера полските сили ја зголемија заштитата на границите мобилизирајќи над 12.000 трупи откако голема група мигранти се движеше кон границата на Полска, придружувани од страна на белоруската војска.
Нерегуларните мигранти имаат за цел да преминат во Полска, а потоа и во другите земји на ЕУ.
НАТО и ЕУ, пристапот на белоруската Влада кон мигрантите го сметаат како хибридна закана која има за цел да ја дестабилизира и поткопа безбедноста на европските земји преку невоени алатки.
Според бројките од минатиот месец, над 6.000 мигранти, претежно од Ирак, Авганистан и Сирија, се обиделе да влезат во ЕУ преку границата меѓу Белорусија и Полска.
Тензиите меѓу Полска и Белорусија се зголемија во понеделникот, откако 4.000 мигранти, претежно од земјите од Блискиот Исток, се движеа кон полската граница и се обидоа да ги преминат поставените бариери.
Полските гранични сили, полицајците и војниците користеа солзавец врз мигрантите кои се обидоа да ја пробијат оградата од бодликава жица.