Tevfik Durul
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Разговорите меѓу турската и руската делегација во врска со ситуацијата во Идлиб ќе продолжат денес во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатски извори, делегациите предводени од заменик-министерот за надворешни работи, Седат Онал, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин во Сирија, Александар Лаврентиев, и рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Верси, денеска во Министерството за надворешни работи на Турција, ќе ја одржат третата средба од третата рунда разговори за прашањето за Идлиб.
Турската и руската делегација претходно одржаа две рунди разговори за Идлиб во Анкара и Москва.
Делегациите на двете земји вчера и претходниот ден во Министерството за надворешни работи разговараа за ситуацијата во Идлиб.