Şerife Çetin
28 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека НАТО моментално обезбедува поддршка за Турција и дека сојузниците разговарале за тоа што уште може да се направи за Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг по состанокот за Сирија во главниот штаб на НАТО, што беше по барање на Турција, даде изјава за медиумите.
Потсетувајќи дека синоќа имал телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, за случувањата во Сирија, Столтенберг рече дека Чавушоглу побарал денес да се одржи консултативен состанок.
Столтенберг рече дека Турција на состанокот во НАТО дала информации за сериозната безбедносна ситуација во Сирија.
„Сојузниците упатија сочувство за војниците што ги загубија животите како резултат на нападот во Идлиб и истакнаа дека се во целосна солидарност со Турција. Сојузниците ги осудија воздушните напади на сирискиот режим и Русија кои продолжуваат и ги повикаа да ги запрат нападите, да дејствуваат во согласност со меѓународното право", истакна Столтенберг.
Информираше дека од Обединетите нации побарале да поддржат мирното решение на кризата.
„Треба да се стави крај на оваа опасна ситуација и итно да се врати прекинот на огнот од 2018 година. Треба да се спречи влошената состојба во овој регион. Треба да се обезбеди приод до лицата во Идлиб“, додаде Столтенберг.
- „Ја изразивме нашата солидарност со Турција“
Столтенберг, наведувајќи дека на денешната средба ја истакнале солидарноста со Турција, рече: „Турција е многу важен НАТО- сојузник, но исто така Турција е НАТО-сојузник кој е најмногу погоден од конфликтот во Сирија. Беше подложена на голем број терористички напади и ги отвори вратите за милиони бегалци.“
Наведувајќи дека НАТО продолжува на различни начини да ја поддржува Турција, Столтенберг како пример го кажа „зајакнувањето на воздушната одбрана“.
Во однос на прашањето дека Турција очекува конкретна поддршка од западните сојузници, Столтенберг рече: „НАТО моментално обезбедува поддршка за Турција. Сојузниците разговараа за тоа што уште може да се направи за Турција.“
Тој, истакнувајќи дека Турција редовно ги информира сојузниците за ситуацијата во Сирија, рече: „Само денешниот состанок многу јасно ја покажува солидарноста на НАТО и поддршката на сојузниците за Турција.“
Генералниот секретар на НАТО исто така ги повика Русија и режимот на Асад да се приклучат на политичкото решение предводено од ОН.