Burak Bir
24 Март 2023•Ажурирај: 25 Март 2023
ЛОНДОН (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот британски колега Риши Сунак се состанаа денес во Лондон во услови на големи протести против Израел и премиерот Нетанјаху, јавува Анадолу.
Стотици демонстранти се собраа спроти Даунинг стрит во текот на средбата на премиерите. Тие извикуваа слогани против Израел и Нетанјаху и ја критикуваа Велика Британија што е домаќин на израелскиот премиер.
Во вторникот, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и неговиот израелски колега Ели Коен ја потпишаа Мапата на патот за билатералните односи Израел - Велика Британија 2030.
„Мапата на патот 2030 ќе ја продлабочи соработката во областа на технологијата, истражувањето и развојот, безбедноста и киберот“, се вели во соопштението на британскиот Форин офис.