Ayhan Şimşek
24 Март 2023•Ажурирај: 25 Март 2023
БЕРЛИН (АА) - Неколку лица се повредени откако автомобил налетал на пешаци на паркингот на аеродромот Келн/Бон, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
„57-годишниот осомничен е приведен и пренесен во локалната болница, изјави портпаролот на полицијата за новинарите на местото на настанот, додавајќи дека се верува дека осомничениот има психички проблеми.
„Повеќето од повредите се полесни и не се опасни по живот“, јави телевизијата ВДР (WDR).
Двајца полицајци исто така биле полесно повредени бидејќи осомничениот давал отпор при приведување, се вели во веста.