Emre Gürkan Abay
03 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор се осврнаа на развојот на настаните во Идлиб и на Самитот меѓу Турција и Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Кремљ соопштија дека Путин и Меркел реализирале телефонски разговор.
„Двајцата лидери детално разговараа за развојот на настаните во Сирија“, се истакнува во соопштението и се додава: „На средбата се разговараше за растечките тензии во деескалациската зона во Идлиб, и во тој контекст е изразена желба Самитот меѓу Турција и Русија што ќе се одржи на 5 март да донесе плодни резултати.“
Исто така, во соопштението се истакнува дека во телефонскиот разговор биле разменети мислења за состојбата во Либија и е потенцирана важноста за спроведување на одлуките донесени на Конференцијата за Либија во Берлин.