Bahattin Gönültaş
03 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
БЕРЛИН
- БАХАТИН ЃОНУЛТАШ
Анализирајќи ги податоците на Евростат - Европската канцеларија за статистика, новинарот на АА дојде до податоците дека во 2018 година земјите членки на ЕУ за одбрана потрошиле 207 милијарди и 598 милиони евра, што е за 2% повеќе во споредба со 2017 година, кога се потрошени 203 милијарди и 461 милион евра, пишува Агенција Анадолија (АА).
Овие трошоци претставуваат 1,2% од вкупниот бруто-домашен производ (БДП) на земјите членки на ЕУ. Во 2001 година трошоците за одбрана изнесуваа 1,4% од БДП.
Интересен е фактот дека трошоците за одбрана на ниво на Европа се многу помали од трошоците за социјална заштита (19,2%), здравство (7%) и образование (4,6%).

- Велика Британија е земја од ЕУ која во 2018 најмногу потроши за одбрана
Велика Британија која се одвои од ЕУ, во 2018 година е земја од ЕУ која имаше најголеми трошоци за одбраната.
Во бројки тоа изгледа вака:
| Земја | | Трошоци во 2017 | Трошоци во 2018 |
| В.Британија | | 45.165.000.000 | 44.612.000.000 |
| Франција | | 40.995.000.000 | 41.385.000.000 |
| Германија | | 33.174.000.000 | 35.542.000.000 |
| Италија | | 22.284.000.000 | 22.117.000.000 |
Трошоците на овие четири земји претставуваат приближно 70% од вкупните трошоци за одбрана што ги имаа земјите членки на ЕУ.
Процентот на трошоци за одбрана според БДП е различен кај земјите членки. Летонија за одбрана одвоила 2,1% во однос на БДП и се најде на врвот од листата. Следуваат Естонија и Грција со 2%, а Кипар (Грчки дел) за одбраната потроши 1,9%, додека Германија потроши 1,1% од својот БДП.
Според процентот на националниот приход, Ирска имала најмали трошоци за одбраната, 0,3%, следуваат Луксембург и Малта со по 0,5%.
Според податоците на Светска банка, во 2018 глобалните трошоци во одбраната во однос на глобалниот БДП изнесуваат 2,14%.
Земји кои во споменатата година најмногу потрошиле за одбрана:
Земја: Трошоци според БДП
Саудиска Арабија 8,8%
Русија 3,9%
САД 3,2%
Индија 2,4%
Кина 1,9%
Турција во 2018 година за одбрана потроши 2,5% според БДП.
- Трамп ја предупреди Германија: „Зголемете ги трошоците во одбраната“
Еден од принципите на НАТО е земјите членки за одбрана да трошат 2% од БДП. Доналд Трамп, веднаш по преземањето на претседателската функција на САД, како цел ја зеде Германија. Трамп, земјите кои во рамките на нивните обврски кон НАТО го немаа исполнето принципот на трошоците наменети за одбрана од 2%, ги предупреди со зборовите: „Има некои [земји] кои не ги исполнија своите обврски. Ќе се справат со нив.“
Трамп истакна дека само 5 од 29-те земји членки на НАТО ги исполниле своите обврски кон НАТО, потенцирајќи дека САД трошат милијарди долари за безбедноста на Европа. Освен тоа, Трамп посочи дека земјите членки на НАТО, исполнувањето на своите обврски од 2% не треба да го направат до 2025 година, туку што е можно поскоро.
Од друга страна, претставниците на власта од Париз и Берлин последните месеци често се состануваат заради прашањето за интеграцијата на Европа, при што вниманието го привлече фактот дека овие две сили од европскиот континент се интегрираат за шестата генерација борбени авиони.
По неконзистентните политики на американскиот претседател Трамп, развивањето на одбранбената политика на Европа е еден од приоритетите на кој овие две земји му придаваат значење.