Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Путин и Меркел телефонски разговараа за Либија

„Беше дискутиран процесот за подготовка на меѓународната конференција во Берлин за решавање на либиската криза“, се вели во соопштението на Кремљ
Havva Kara Aydın
14 Јануари 2020•Ажурирано: 14 Јануари 2020
Путин и Меркел телефонски разговараа за Либија

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин. телефонски разговараше со германската канцеларка, Ангела Меркел, за неодамнешниот развој на либиската криза и за подготовките за претстојната конференција во Берлин за решавање на оваа криза, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Беше дискутиран процесот за подготовка на меѓународната конференција во Берлин за решавање на либиската криза“, се вели во соопштението на Кремљ.

Во соопштението се додава дека Путин исто така ја информирал Меркел за разговорите за Либија во Москва на кои присуствувале претставници на обете страни на конфликтот.

Вчера портпаролот на германската Влада соопшти дека Берлин на 19 јануари ќе биде домаќин на меѓународна конференција за конфликтот во Либија.

Либиската Влада во Триполи признаена од Обединетите нации (ОН) и силите лојални на генералот Калифа Хафтар во саботата го прифатија заедничкиот повик на Турција и Русија за прекин на огнот.

Либискиот премиер, Фајез ал Сараџ, и Хафтар пристигнаа денес во Москва за да разговораат за условите за договорот за прекин на огнот.

Хафтар во април започна офанзива за заземање на Триполи од Владата признаена од ОН.

Според податоците на ОН, повеќе од 1.000 лица се убиени од почетокот на операцијата, а повеќе од 5.000 се повредени.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи. Оттогаш се води борба за доминација меѓу ривалските табори со седиште во Триполи и Тобрук.

related_topics:
РусијаЛибијаВладимир ПутинАнгела Меркел
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Делегациите на Турција и Русија го договорија рамковниот текст со модалитетите за примирјето во Либија

Делегациите на Турција и Русија го договорија рамковниот текст со модалитетите за примирјето во Либија

Следно

Филипини: Вулканот Тал и понатаму активен, евакуирани повеќе од 30.000 лица

Филипини: Вулканот Тал и понатаму активен, евакуирани повеќе од 30.000 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Анкара започна Самитот на НАТО

Турскиот министер за надворешни работи: Европската безбедност не може да се сведе на ЕУ

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО: Турција е клучен сојузник во пресрет на самитот во Анкара

Шефот на турската дипломатија: Турција ќе ја искористи довербата меѓу Ердоган и Трамп за доброто на НАТО

Протестираат производителите на млеко во Косово

Шефот на НАТО ги повика сојузниците да ги претворат издвојувањата за одбраната во воени капацитети

Турскиот домашен сателит Турксат 6А измина речиси 192 милиони километри во вселената

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Русија потврди соборување на авионот СУ-24

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Куртулмуш: Не сакаме ескалација на кризата со Русија, туку дијалог и решение на проблемот

Во Рим почна Меѓународната конференција за Либија

Во Рим почна Меѓународната конференција за Либија

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Путин одобри закон кој Уставот на Русија го става над сите меѓународни судови

Францускиот министер за одбрана пред посетата на Русија: Од Москва ќе бараме засилена борба против ДАЕШ

Францускиот министер за одбрана пред посетата на Русија: Од Москва ќе бараме засилена борба против ДАЕШ

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

Ердоган: Русија прави пропагандно шоу и тоа е поголема срамота

Ердоган: Русија прави пропагандно шоу и тоа е поголема срамота

Путин ги потпиша санкциите против Турција

Путин ги потпиша санкциите против Турција

Зима како од приказните во Русија

Зима како од приказните во Русија