İslam Uddin
14 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
МАНИЛА (АА) - Вулканот Тал на Филипините, кој еруптираше во неделата, продолжува да исфрла пепел поради што се евакуирани повеќе од 30.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Челникот на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините, Ренато Солидиум, соопшти дека очекува дека вулканот во Батангас ќе биде активен и во наредниот период, јавува „Си-ен-ен Филипини“ (CNN Philippines).
Откажана е и наставата во училиштата во близина на вулканот.
Локалните медиуми јавуваат дека се воспоставени 118 евакуациски центри во кои досега се сместени 18.187 лица.
Претходно е соопштено дека на Меѓународниот аеродром во Манила се откажани 240 локални и меѓународни летови.