Dmitri Chirciu
11 Декември 2024•Ажурирај: 12 Декември 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараа за ситуацијата во Украина и Сирија, јавува Анадолу.
„Путин и Орбан разговараа телефонски“, соопшти Кремљ.
За време на разговорот за украинското прашање Путин ја изразил својата оцена за „деструктивниот пристап на администрацијата во Киев, која не сака мирно решение на ситуацијата во Украина“.
Орбан навел дека имал средби со некои западни лидери и рекол дека се залага за политички и дипломатски начини за решавање на украинската криза.
Во разговорот станало збор и за тензичната ситуација на Блискиот Исток во контекст на последните настани во Сирија.
Исто така, разговарале и за односите меѓу Русија и Унгарија, а биле разменети мислења и за прашања за соработка во областа на економијата и трговијата и за заеднички проекти во областа на енергетиката.