Ali Cura
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, оствари телефонски разговар со казахстанскиот колега Касим Жомарт Токаев, а главната тема на разговорот беше актуелната ситуација во Казахстан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Кремљ е соопштено дека Токаев го информирал Путин за мерките кои казахстанските власти ги презеле со цел воспоставување ред и стабилизирање на ситуацијата по неодамнешните нереди кои избувнаа за време на масовните протести до кои дојде поради зголемувањето на цените за течниот нафтен гас (ТНГ).
Токаев му се заблагодари на Путин за поддршката на Русија и разговараа за процесот на повлекување на мировните сили кои Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ги ангажирала во Казахстан.
Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан на 6 јануари испратија мировни сили во Казахстан, а денеска започна процесот на повлекување на тие сили.