Ekipa
13 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
БЕЈРУТ (АА) - Силна експлозија денеска ја потресе зградата што ја користи Хезболах во либанската јужна област Набатије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зградата, канцеларијата за социјални услуги на Хезболах во градот Хумин ел Фаука е силно оштетена во експлозијата, заедно со околните објекти, изјавија очевидците за АА.
Локалните медиуми споделија видеа на кои се гледа како густиот чад и оган се издигаат од зградата.
Официјалните лица на Хезболах веднаш ја затворија областа, а спасувачките служби го изгаснаа пожарот предизвикан од експлозијата.
Првичните извештаи покажуваат дека нема повредени. Причината за експлозијата, исто така останува непозната.