Elena Teslova
06 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес присуствуваше на воената вежба „Восток-2022“ на Далечниот Исток на Русија, се вели во соопштението на Кремљ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов го набљудуваа текот на обуката на полигонот Сергевски, се вели во соопштението.
Активната фаза на воената вежба „Восток-2022“ беше закажана за период од 1 до 7 септември на седум полигони во источниот дел на Русија.
Повеќе од 50.000 припадници на воениот персонал и над 5.000 единици оружје и воена опрема, вклучувајќи 140 авиони, 60 воени бродови, чамци и бродови за поддршка, се ангажирани во извршувањето на задачите за борбена обука.
Освен руската Армија, на вежбите учествуваа и војници од повеќе земји, меѓу кои Азербејџан, Алжир, Ерменија, Белорусија, Индија, Казахстан, Киргистан, Кина, Лаос, Монголија, Мјанмар, Никарагва, Сирија и Таџикистан.
Ангажирани се исто така воени контингенти и набљудувачи од земјите на воениот блок Организација за договор за колективна безбедност (CSTO) предводен од Русија и Шангајската организација за соработка (SCO).