Halime Afra Aksoy
06 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
АДЕН (АА) - Во напад што припадниците на терористичката организација Ал Каеда го извршија во Абјан, на југот на Јемен, загинаа 15 лица, меѓу кои Хизам Емни, командант на силите на Јужниот преоден совет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавите што силите на Хизам Емни ги објавија на Твитер, се наведува дека членови на Ал Каеда во Ахвар извршиле напад на контролниот пункт на Хизам Емни.
Беше наведено дека загинале неколку луѓе, меѓу кои и Јасер Шаје, командантот на првиот баталјон.
Не беше прецизирано колку луѓе загинале и се убиени, но се наведува дека биле убиени и шестмина милитанти на Ал Каеда.
Беше истакнато и дека силите фатиле неколку терористи кои бегале кон околните ридски подрачја.
Директорот на болницата во Ахвар, Ахмед ал Мадахдах, во изјава за АА рече дека загинале 15 лица, меѓу кои и командантот Хизам Емни.
Тој додаде дека се убиени и седум терористи на Ал Каеда.