Ali Cura
27 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин објави дека на трилатералната средба разговарал за прашањето на Карабах со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин во Санкт Петербург се сретна со ерменскиот премиер Пашинјан како дел од неформалниот состанок на лидерите на Комонвелтот на независни држави.
Рускиот претседател изјави дека во првите десет месеци од оваа година билатералната трговска размена меѓу Русија и Ерменија е зголемена за 73 отсто и дека економските односи се развиваат позитивно.
Путин истакна дека имале трилатерална средба и со азербејџанскиот претседател Алиев за прашањето за Карабах.
„Почнавме со вас вчера и успеавме да одржиме трилатерална средба. Се разбира, главното прашање е решавањето на ситуацијата во Јужен Кавказ во целина, односите меѓу Азербејџан и Ерменија, сè што е поврзано со Карабах. Ќе разговараме за сите овие работи во детали според договорот“, изјави Путин.
Пашинјан го коментираше прашањето за коридорот Лачин и рече дека коридорот во моментов не е под контрола на руските мировници.
Пашинјан додаде дека сака дополнително да разговара за ова прашање со Путин за да ги разгледа сите можности.