Burç Eruygur
25 Јули 2024•Ажурирај: 26 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со сирискиот претседател Башар ал Асад во главниот град Москва, се вели во соопштението на Кремљ, јавува Анадолу.
Средбата се одржа синоќа. Рускиот претседател рече дека имаат можност да разговараат за целиот комплекс на нивните односи.
Истакнувајќи дека ситуацијата во регионот се влошува, Путин рече дека има многу ветувачки насоки во однос на трговските и економските врски меѓу Русија и Сирија.
Не се дадени дополнителни информации за деталите и резултатите од средбата.