Ali Cura
17 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, го посети заедничкиот штаб од кој се управува со воените единици вклучени во војната во Украина, соопшти Кремљ, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека Путин го посетил заедничкиот штаб на воените единици кои учествуваат во „специјалната воена операција“ во Украина.
„Претседателот Путин доби информации за работата на штабот, го сослуша извештајот за напредокот на специјалните воени операции, одржа состанок и разговараше со командантите“, се вели во соопштението на Кремљ.
На состанокот присуствуваа и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.