Ali Cura
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
МОСКВА (AA) - Претседателот на Русија Владимир Путин смени 15 генерали од различни министерства и државни институции, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин потпиша уредба со која смени службеници со чин на генерали, кои работеа во руските државни институции.
Во уредбата објавена на интернет страницата на Државниот правен информациски систем се наведува дека се сменети генерали кои биле вработени на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, Одделот за вонредни ситуации, Федералната служба за затвори и Комисијата за истраги.
Покрај тоа, со уредбата е сменет и заменик на министерството за вонредни ситуации Владен Аксенов.
Не е наведено зошто генералите се сменети од функциите.