Emre Gürkan Abay
25 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
МОСКВА (AA) - Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со претседателот на Венецуела Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин во таа пригода го осудил мешањето во внатрешните прашања на Венецуела.
„Мешањето во внатрешните работи на Венецуела е тешко кршење на меѓународното право", рече претседателот на Русија.
Изрази поддршка на Венецуела која се соочува со политичка криза поттикната однадвор.
Двајцата претседатели искажаа решителност Русија и Венецуела да продолжат со досегашната соработка.
Путин истакна дека решението треба да се поттикне во рамките на Уставот на земјата.
„Решавањето на проблемите би требало да се постигне со мирен компромис во рамките на Уставот и во интерес на венецуелското општество", рече Путин.
Опозицијата во Венецуела не ја признава власта на претседателот Николас Мадуро, а синоќа челникот на опозицијата и парламентот Хуан Гуаидо, се прогласи за привремен претседател.
Мадуро тврди дека станува збор за обид за државен удар поддржан од САД, кои отворено застанаа на страна на опозицијата и Гуаидо.