Elena Teslova
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган да ја посети Турција, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, јавува Агенција Анадолија (АА),
„Средбата ќе се одржи кога пандемијата и распоредот на двајцата лидери ќе го дозволат тоа“, изјави Песков за новинарите на дневниот брифинг во Москва.
„Претседателот Путин со благодарност ја прифати неговата покана. Тие се согласија дека штом епидемиолошката ситуација и распоредот го дозволат тоа, тој дефинитивно ќе ја искористи оваа покана“, рече Песков.
Песков забележа дека поради пандемијата има „одредена пауза“ во одржувањето на состаноците на меѓувладината комисија и Советот за соработка на високо ниво, со кој раководат двајцата претседатели.
„Темата беше дискутирана неколкупати во последните претседателски контакти и Ердоган рече дека е подготвен да биде домаќин на овие настани во Турција“, рече Песков.
Ердоган и Путин периодично зборуваат по телефон и имаа голем број меѓусебни посети во последните години.