Almir Terzic
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ЉУБЉАНА (АА) - Во Словенија се потврдени повеќе од 14.000 нови случаи на Ковид-19, а над 100.000 луѓе направиле брзи тестови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Имено, во текот на вчерашниот ден се направени 19.707 ПЦР-тестови кои потврдиле 14.206 случаи на заразување. Уделот на позитивните резултати изнесуваше 72 отсто.
По рекордниот пораст во вторникот, кога беа потврдени 17.491 нов случај со коронавирусот со анализирани 22.924 примероци, вчера беа потврдени повеќе од 14.000 случаи. Покрај тоа, 104.930 луѓе биле подложени на брзо тестирање.
Во последните недели се забележува тренд на опаѓање на бројот на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребен третман на одделенијата за интензивна нега и зголемување на бројот на пациенти на општите одделенија, но има и такви кои добиваат позитивен тест кога доаѓаат на болниците за проблеми поврзани со Ковид-19.
Словенија веќе е силно во петтиот бран на епидемијата на Ковид-19, која се одвива со рекорден број потврдени случаи поради високозаразната верзија на Омикрон.
По повод можното укинување на мерките, министерот за здравство, Јанез Пклукар, изјави дека ризикот засега е превисок и дека мерките ќе продолжат сѐ додека бројот на дневните случаи и хоспитализации не се намали. Тој укажа и на порастот на смртноста на заразените со Ковид-19, кој минатата недела беше 85 отсто повисок отколку во претходните недели.
Изменетиот протокол за тестирање стапи на сила оваа недела, со што ПЦР-тестот е достапен само за луѓето со ризик од болест и за оние кои се позитивни на брзо тестирање или самотестирање. Ова значи дека се очекува позитивен резултат за повеќето луѓе кои доаѓаат на ПЦР-тестирање.