Ekip
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон ги повика сите политички партии во Каталонија коија поддржуваат сецесијата од Шпанија да се обединат во коалиција за регионалните избори на 21 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сега е момент сите демократски сили да се обединат за Каталонија, за слобода на политичките затвореници и републиката“, напиша Пуџдемон на каталонски јазик на Твитер.
Неговата десничарска сепаратистичка Демократска партија на Каралонија вчера соопшти дека ќе настојува да формира голема коалиција. Пуџдемон сепак изјави дека ќе размисли дали ќе се кандидира на изборите.
Шпанија издаде европски налог за апсење на Пуџдемон и уште четири каталонски политичари кои се кријат во Белгија. Тие се бараат поради својата улога во прогласување на независноста на Каталонија.
Осум други членови на распуштената Влада на Каталонија се наоѓаат во затвор во Шпанија поради обвиненија за бунт и други наводни кривични дела.