Zehra Ulucak
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Командантот задолжен за управување со затворот во заливот Гвантанамо, во Американската поморска база во Куба, е разрешен со образложение „губење доверба во однос на способноста за командување“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Јужната команда на Соединетите Американски Држави (САД) се истакнува дека командантот задолжен за управување со затворот Гвантанамо, адмиралот Џон Ринг, е разрешен со образложение дека ја изгубил довербата во однос на способноста за командување, и дека на негово место е назначен бригадниот генерал Џон Хасеј.
Исто така, во соопштението се наведува дека промената на командантот нема да резултира со промени во безбедноста, хуманоста, правната заштита и притворот на затворениците што се наоѓаат во затворот Гвантанамо, во воената база.
Познато е дека во Гвантанамо има 40 затвореници.
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, вети дека затворот Гвантанамо, каде што лежат осомничените од 11-септемвриските терористички напади во 2001 година, ќе биде затворен. САД ги уапсија осомничените лица во странство.
Под наредба на Обама, за последен пат во јануари 2017 година, непосредно пред да му ја предаде функцијата на Трамп, пренесени се затвореници од Гвантанамо, па во затворот сега има 40 затвореници.
Актуелниот претседател Трамп, за време на предизборната кампања, најави дека нема да го затвори контроверзниот затвор, каде што имаше и кршење на човековите права.
Неодамна излегоа тврдења дека во Гвантанамо ќе се пренесуваат припадници на терористичката организација ДЕАШ, заробени во Сирија.