Sayed Khodaiberdi Sadat
19 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
КАБУЛ
Извршен е ракетен напад врз воздушната база „Баграм“, во близина на авганистанскиот главен град Кабул, која е најголемата воздушна база на САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Гувернерството Пaрван, Вахиде Шехкар, во изјавата за медиумите нагласи дека од возило во местото Каландер Хил во Пaрван биле лансирани пет ракети.
Шехкар информира дека сè уште не се знае дали има жртви во нападот, а рече дека запленети се 7 ракети што биле подготвени за лансирање.
Единиците на САД, кои служат во рамките на НАТО, сè уште не дадоа изјава за случајот.
Исто така, никој не презеде одговорност за нападот.
Меѓу другото, во соопштението на талибанците се наведува дека единиците на САД продолжуваат со воздушните напади врз цивилите во Авганистан.
Во соопштението се истакнува дека продолжувањето на воздушните напади од страна на САД е против мировниот договор постигнат на 29 февруари помеѓу талибанците и САД.
Според соопштението, во случај да продолжат воздушните напади, талибанците повторно ќе започнат контранапади против американските војници.