Haydar Karaalp
28 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
БАГДАТ (АА) – Цивилниот дел на Меѓународниот аеродром во Багдад во Ирак е нападнат со шест проектили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според порталот „Нас њуз“ (NasNews), кој е познат по својата блискост до премиерот, утрото со шест проектили е нападнат цивилниот дел на Меѓународниот аеродром во Багдад.
Соопштено е дека во нападот е оштетен еден од цивилните авиони кој бил празен. Заедно со веста објавени се и фотографии од оштетениот цивилен авион.
На Меѓународниот аеродром во Багдад има и американска воена база.
Ирачките официјални власти сѐ уште не дадоа никаква изјава во врска со нападот.