Mustafa Keleş
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Обединетите Нации (ОН) соопштија дека според првичните сознанија во извршениот воздушен напад во Јемен, врз зграда каде што во тек била комеморација, животот го загубиле над 140 лица, а повеќе од 500 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Помошник-генералниот секретар за хуманитарни прашања и координатор за итни случаи при ОН, Стивен О'Брајан, во писмена изјава истакна дека е шокиран поради смртта на цивилите во воздушниот напад во Јемен.
O’Брајан истакна дека во нападот врз зградата животот го загубиле над 140 лица, додека 500 други се повредени. Тој исто така наведе дека и покрај тоа што бројот на болници е многу мал тие продолжуваат да ги прифаќаат повредените и загинатите лица, и дека постои можност овој број да се зголеми.
„Овој ужасен напад е показател за занемарувањето на човечките животи“ рече О’Брајан додавајќи дека меѓународното право е многу јасно и дека треба да се прави разлика меѓу цивилите и војниците.
О’Брајан во врска со настанот повика на продлабочување на истрагата и ставање крај на воздушните напади во местата населени со цивили.
Двата воздушни напади во Сана, град под контрола на Хусите и разрешениот лидер Али Абдулах Сали, се извршени во текот на комеморацијата на таткото на министерот за внатрешни работи Џелал ер-Рувејсан, од редот на Хусите. Локални надлежни лица информираа дека меѓу провредените се и министрите за одбрана и внатрешни работи.
Во веста објавена на телевизискиот канал „ Ел-Месир” се тврди дека воздушниот напад е извршен од страна на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, додека пак коалициските сили негираат било каква поврзаност со овој воздушен напад.
Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Нед Прајс, во својата писмена изјава истакна дека е длабоко загрижен поради нападот: „Соработката во областа на безбедноста на САД со Саудиска Арабија не е 'отворен чек'“.