Aldıjana Hadzıc
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
КАИРО (АА) - Кипот на фараонот Рамзес II сместен во храмот Абу Симбел, во египетскиот град Асуам, денес го облеа сонцето, што се случува само два пати годишно, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова астрономско чудо се случува на 22 октомври (денот кога се смета дека фараонот е роден) и 22 февруари (денот кога е крунисан) и трае околу 20 минути.

Голем број домашни и странски туристи утринава се собраа за да присуствуваат на феноменот на продирање на сончевите зраци длабоко во храмот и заблеснување на киповите на фараонот Рамзес II, како и киповите на Амон и Ра, додека четвртиот кип на Птах останува секогаш во темнина бидејќи преставува божество на подземниот свет.
Абу Симбел е храм сместн на левиот брег на реката Нил, а се нарекува и големиот храм на Рамзес II, и се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Храмот е исклесан кон внатрешноста на ридот 60 метри и претставува чудо на египетските градби, бидејќи неговата ориентација е така совршено пресметана што сончевите зраци само двапати годишно продираат низ целиот храм до киповите и ги осветлуваат лицата на тројцата фараони.
Со векови храмот беше затрупан со песок, а откриен е во 1813 година.