Ekipa
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Додека трае состанокот за Сирија во Астана, Казахстан, режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите поддржувачи продолжуваат со прекршувањето на договорот за прекин на огнот, јавува Anadolu Agency (AA).
Локални извори пренесуваат дека полицијата врши копнени напади во Источна Гута и во Џoбар, во подрачјето на Дамаск. Цели на воздушни напади се Нева, која припаѓа на Дери, Сан кој припаѓа на Хама и Aнадан, Хрејтан и Хајан коишто припаѓаат на Алепо.
Планинската област во Латакија е цел на воздушните и копнените напади на Асад.
Договорот за прекин на огнот во Сирија е прогласен на 30 декември. Турција е земја-гарант за опозицијата, а Русија за силите на режимот.
Сепак, досега договорот беше прекршен неколку стотици пати од страна на силите на режимот, особено полицијата на Хезболах во Алепо, Латакија, Идлиб, Дамаск, Maдаја, Забадани, Хама и во Хомс.
На мировните преговори кои почнаа денеска во Астана се очекува да биде понудени извештај во кој ќе бидат наведени кршењата на примерјето.
Опозицијата, која сака крај на кршењето на договорот ќе бара војската на Асад и Хезболах, поддржана од Иран, да се повлече од долината Барада.