Ekipa
03 Јуни 2019•Ажурирај: 04 Јуни 2019
ИДЛИБ (АА) – Седум цивили ги загубија своите животи, а голем број беа повредени како резултат на копнените и воздушните напади на воените авиони на Асадовиот режим во деескалационата зона во Идлиб, Сирија, започнати за време на ифтар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад и Русија за време на ифтар започнаа копнени и воздушни напади врз селата Кеферлата, Ел Бара, Хиш и Маретхирме во Идлиб, селото Ел Кебине во Латакија, и селата Ел Арбаин и Ез Зекат во северниот дел на Хама, кои се наоѓаат во рамките на деескалационата зона во Идлиб.
Според информациите добиени од извори на Цивилната одбрана (Бели шлемови), во воздушните напади животот го загубле вкупно 7 цивили од кои во селото Кефер Лата еден, во Ел Бара двајца, во Хиш еден, во Арбаин еден и во Ез Зекат двајца.
Од друга страна, во доцните вечерни часови режимот на Асад со фосфорни бомби, кои се забранети за употреба, го нападна селото Шејх Мустафа во Идлиб.
Во последните три дена, 11 цивили ги загубија своите животи во нападите на воените авиони на Асадовиот режим врз населбите во рамките на деескалационата зона во Идлиб.
- Последната ситуација во деескалационата зона во Идлиб -
Покраината Идлиб во северозападна Сирија, од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигнува 4 милиони луѓе. Од март 2015 година е под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Режимот со помош на поддржувачите, и покрај Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година, продолжува со нападите. Нападите се интензивираа за време на 12-тиот состанок меѓу Турција, Русија и Иран, одржан на 25-26 април во Нурсултан, главниот град на Казахстан.
Според Сириската мрежа за човекови права (SNHR), во Сирија минатиот месец како резултат на нападите од силите на режимот на Башар ал Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, загинаа 269 цивили, меѓу кои 51 дете и 48 жени.
Режимот и неговите поддржувачи со нападите го прекршуваат Договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година. Нападите на режимот се причина за принудно иселување на 553.444 цивили.
Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран со поддршка на Русија од воздух, со нападите врз деескалационата зона во Идлиб, зазедоа површина од 100 квадратни километри. Воената опозиција, од друга страна, одвреме-навреме спроведува операции за да ги врати регионите преземени од силите на режимот.